Нова одлука на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги

Benzinska pumpa Veles
Benzinska pumpa Veles

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 27.10.2022 година.

Zito akcija 640x289px

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,317%, кај дизелот намалување за 0,078%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,110%  и кај мазутот зголемување е за 0,802%.

Agria

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,444%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 29.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95      90,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98      92,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       100,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      97,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира:


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: