Компанијата за клиничка дијагностика Новацит прозведе тест според кој се разликува ковид-19 од грип.
Компанијата објави дека тестот Винтерплекс идентификува два гени специфични за ковид-19, како и гени кои откриваат тип А и Б грип и респираторен синцицијален вирус РСВ.
Новиот тест за верижна реакција на полимераза (ПСР) е еден од многуте производи од типот на ПЦР веќе на пазарот кои дијагностицираат присуство на ковид-19.
ПЦР тестот е главниот метод за тестирање во многу земји. Ја открива болеста со множење на генетскиот материјал до точката каде што научниците можат да ја детектираат.
Можеби ќе ве интересира: