Велес постојано со двоцифрени бројки на новозаразени. Денес се регистрирани нови 16 позитивни случаи на ковид-19, оздравени се 10 пациенти. Бројката на активни случаи во градов е 311.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.858 тестирања, а регистрирани се 525 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 268, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија – 6, Струга – 5, Тетово и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2, Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 449 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207.
Можеби ќе ве интересира: