Нови 196 заразени од коронавирус, по еден инфициран и оздравен велешанец

Infektivna klinika Skopje naslovna

Еден заразен велешанец со коронавирус е регистриран во последните 24 часа. Во исто време, еден граѓанин на Велес е регистриран како оздравен.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство денеска јавува за нова голема бројка на инфицирани. Вкупно 196 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во земјава, во последното деноноќие. Тие се откриени, откако се направени 1213 тестирања. Состојбата и понатаму е најкритична во Скопје, од каде доаѓаат речиси половина од заразените.

Agria

По градови, ситуацијата изгледа вака:

– Скопје 90
– Куманово 17
– Штип 5
– Прилеп 1
– Тетово 45
– Струга 8
– Велес 1
– Битола 4
– Охрид 11
– Гостивар 8
– Крива Паланка 1
– Пехчево 2
– Свети Николе 1
– Ресен 2

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

– Скопје 3
– Куманово 1
– Штип 2
– Прилеп 4
– Велес 1

Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/6175/sovetot-na-opshtina-veles-donese-nov-dup-so-koj-mozhe-da-pochne-izgradbata-na-zatvoren-pazar/