Нови четири позитивни случаи на кови-19 во Велес

kruzen tek Veles nova slika

Во ковид статистиката на Министертвото за здравство денес се регистрирани четири нови случаи на ковид-19 во Велес, не се регистрирани оздравени пациенти, а регистриран е и еден смртен случај како последица на вирусот. Во Велес во моментов има 21 активни случаи со ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Во изминатото деноноќие, од 5.780 тестови, регистрирани се 588 нови случаи, вели Министерството за здравство. Нови случаи се регистрирани во: Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница – по 3, Ресен и Македонски Брод – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Agria

Регистрирани се 26 оздравени пациенти, починати се осум лица по 2 лица од Тетово (66 и 72) и Гостивар (67 и 72), по едно лице од Скопје (65), Прилеп (51), Кичево (74) и Велес (65). Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

Од почетокот на коронакризата во земјава се регистрирани 159.269 ковид позитивни, оздравени се 150.613, почина 5.521, а активни се 3.135 болни.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22914/veleshanecz-pochina-od-kovid/