Ракометниот клуб Вардар пред продолжувањето во Лигата на шампиотните организираше тестирање на екипата и по добивањето на резултатите евидентирани се два нови позитивни случаи на Ковид-19
Од клубското соопштение се наведува дека играчите кои имаат позитивен тест немале допир со колегите од тимот и резултатите пристигнале пред тренингот, па тие воопшто не се појавиле во сала.
Двајцата ракометари немаат симптоми и познато е дека се заразиле од луѓе во својата непосредна близина. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два кои се појавија во тимот.
Според здравствените протоколи тие нема да бидат со екипата, додека пак останатите играчи ќе продолжат да тренираат и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот.