Одново високи бројки на заразени од коронавирус во Македонија, 185 нови случаи. Во Велес има два позитивни пациенти на Ковид 19.
Најмногу зарзаени и денес се од Скопје 96. Струга има 20 нови случаи, Тетово 14. На листата со голем број на заразени се најде и Дебар со 18 нови случаи. Ресен има осум нови случаи, Охрид седум, Штип четири, Кичево три. По два нови случаи има Битола, Велес, Кавадрци, Куманово, Гостивар и Св. Николе, а по еден Прилеп, Пробиштип и Крива Паланка.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент.
Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.
Поврзани вести: