Двајца велешани се помеѓу 22 починати пациенти од коронавирусот во последното деноноќие, објави Министерството за здравство. Еден од починатите имал 57 години, а другиот 75 години. Од велешката болница велат дека кај нив во последните 24 часа нема починато пациент, па најверојатно овие пациенти се починати на скопските клиники.
Во последното деноноќие регистрирани се 42 нови случаи во Велес, кои се дел од рекордните 1192 новозаразени во земјава, кога секој трет тест бил позитивен. Направени се 3211 тестирања, од кои се откриени новите случаи.
Најголем број заразени има во Скопје – 571, по што следува Тетово со 87, Куманово со 63, Прилеп со 51, Штип со 50, Охрид со 49, Битола со 43, Велес со 42, Гостивар со 40, Струмица 36, Кочани 27, Кичево 22 Дебар и Кавадарци по 15, Пробиштип 14, Ресен 11, Струга 10, Виница и Свети Николе по седум, Гевгелија и Крушево по шест, Демир Хисар пет, Радовиш четири, Крива Паланка и Кратово по три, Делчево и Неготино по два и Берово еден новозаразен.
Починати се 22 лица, осум пациенти од Скопје на 78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51-гогишна возраст, двајца од Штип на 80 и 80-годишна возраст, еден од Прилеп на 65-годишна возраст, двајца од Тетово 41 и 66-годишна возраст, двајца од Велес на 75 и 57-годишна возраст, двајца пациенти од Битола на 71 и 66-годишна возраст и двајца од Охрид на 54 и 73-годишна возраст, еден пациент од Гостивар на 72-годишна возраст, еден од Крушево 81-годишна возраст и еден пациент од Пехчево на 53-годишна возраст. Од нив, само еден е починал во вонболнички услови, а останатите починале во болница.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од кои тројца велешани.
Со новите случаи, во Велес досега се заразија 966 граѓани, од кои 388 оздравеа. Активни се 542 случаи, а досега починаа 36 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 259.115 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35097, бројката на оздравени пациенти е 22024 , на починати е 1071, а бројот на активни случаи изнесува 12002.
Можеби ќе ве интересира: