Нови напади, проследени со експлозии, го потресоа Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах, ерменска енклава во Азербејџан, во која ерменските борци за независност се борат против азербејџанските сили.
Во последниве денови, градот Степанакерт беше често бомбардиран, па населението е во засолништа. Мината ноќ , градот беше без струја.
Светските сили повикуваат на прекин на непријателствата меѓу Азербејџан и Ерменија уште од минатата недела кога повторно избувна конфликт за регион кој формално му припаѓа на Азербејџан.
Можеби ќе ве интересира: