Од вчера во Грција е задолжителна вакцинацијата за работници во одредени сектори, а на сила стапија и новите мерки за затворените установи. Вакцинацијата не оди со темпо замислено од владата во Атина, така што новите мерки ќе бидат насочени кон зголемување на обемот на вакцинација и важно е да се посочат некои правила што ќе се најдат за туристите во оваа земја.
Исто така во сила се и ограничувањата според кои само оние кои се вакцинирани против коронавирус можат да се послужат во затворениот дел од рестораните, баровите и кафулињата,
Гостите од затворениот дел од рестораните, баровите и кафулињата мора да докажат дека биле вакцинирани. Тоа е последната во низата мерки со кои грчките власти сакаат да го спасат остатокот од туристичката сезона, а се однесува и на странските туристи.
Покрај тоа, само лица кои биле вакцинирани можат да бидат присутни на спортски настани, а на трибините не смее да има повеќе од 25.000 луѓе.
Можеби ќе ве интересира: