Пензионери во неколку градови низ државата денеска повторно излегоа на протести и јавно го изразија револтот од ниските пензии и дадоа поддршка на барањата за зголемување на пензиите.
Велат пензиите се премногу ниски едвај се издржува месецот – побараа зголемување на пензиите од септември за 3.500 денари, а не само за 6 отсто како што најави Владата.
Дополнително велат потребно е покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии.
Најавуваат дека в понеделник ќе дадат поддршка на протестот во Скопје.
Можеби ќе ве интересира: