Два нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во Велес во последното деноноќие, кога на територијата на цела држава се регистрирани вкупно 162 новозаразени. Четворица пациенти ја загубија битката со коронавирусот, а регистрирани се 109 оздравени.
Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а најмногу новозаразени се регистрирани во Скопје 75, Куманово 14, Тетово 13, Кочани 12 и Струмица 10. Во Штип, Прилеп и Битола има пет нови случаи, во Радовиш четири, во Гевгелија и Крива Паланка по три, во Велес, Охрид, Кавадарци и Виница по два и по еден случај е регистриран во Дебар, Струга, Пробиштип, Валандово и Свети Николе.
Починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на зораст од 55, 80 и 81 години и еден од Штип на 81 годишна возраст.
Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327.
Можеби ќе ве интересира: