Нови случаи на коронавирусот во земјава, бројката на заразени во Велес надмина над 100

Bolnica Oktomvri 2021
Bolnica Oktomvri 2021

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни (521), регистрирани се 120 реинфекции.

Zito akcija 640x289px

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (78 г) и Струга(48 г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин е регистрирано едно починато лице од Кичево (74 г), починато во болнички услови. Лицето е пријавено за починато на 5.8.2022 година.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.

Според епидемиолошки анализи во моментов, состојбата со коронавирусот во моментов во Велес изнесува 117 заразени.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: