Во текот на вчерашниот ден, Омар Берада си поднесе оставка од функцијата директор за фудбалските операции во Сити фудбал груп. Тој замина од Манчестер Сити.
Неколку часа подоцна беше назначен за нов генерален директор на Манчестер јунајтед.
Берада бил цел на ИНЕОС групацијата, тој ќе ја има контролата врз фудбалскиот и бизнис делот во Манчестер јунајтед.
„Клубот е посветен да го стави фудбалот и перформансите повторно на теренот во срцето на се што правиме. Назначувањето на Омар претставува прв чекор кон тоа“, се вели во дел од соопштението на Манчестер јунајтед.
Можеби ќе ве интересира: