Ново музичко парче објави младиот хармоникаш Давор Ќимовски. Се работи за оро со наслов „Разиграна румба“, авторско дело на Ќимовски, на кое 16-годишниот хармоникаш ги покажува своите виртуозни способности.
Аранжманот на „Разиграна румба“ е на велешанецот Иван Милевски, снимена е во студиото на IMusic продукција, која го изработни и видеото.
Содржината продолжува под рекламата
Давор Ќимовски, момчето од Чашка, вели дека орото го подготвувал еден месец.
Содржината продолжува под рекламата
„Свирам пет години, а прв учител ми беше Панче Тевчев. Потоа продолжив кај маестро Војче Петрушев, со кого го подготвив и моето прво оро, кое го нарековме ‘Ќимово оро’. Планирам да издадам свој албум со ора“, рече младиот хармоникаш Давор Ќимовски.
Во продолжение, погледнете ја „Разиграна румба“:
Можеби ќе ве интересира: