Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 % во однос на одлуката од 9.5.2024 година.
Текстот продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,602 ден/кг и сега ќе изнесува 44,007 ден/кг.
Текстот продолжува под рекламата
Новите цени на дериватите од ноќеска на полноќ бидат следните: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: