Ново поевтинување на дизелот за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

benziska stanica Makpetrov

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 29.06.2022 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 109,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 111,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 104,00 (денари/литар),Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 103,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС –  53,305 (денари/килограм).

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/30811/napadnale-chuvar-ukrale-nafta-od-tovarno-vozilo/