Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2022 година
Со ова малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/литар и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 71,00 денар/литар.
Содржината продолжува под рекламата
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,856 %, кај дизелот за 4,802 % , кај екстра лесното масло за 4,821 % и кај мазутот за 4,320 %.
Можеби ќе ве интересира: