Mалопродажните цени на нафтените деривати од вечерва на полноќ се зголемуваат во прoсек за 1,96%, информираат од Регулаторната комисија.
Според новите одлуки, цените на горивата Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се зголемат за еден денар во однос на претходната недела.
Така од полноќ цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 денари, еуродизел (Д-Е V) ќе чини 52 денари, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 41 денар за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 и ќе изнесува 25,396 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија за енергетика својата најнова одлука ја оправдуваат со зголемувањето на референтните цени на сите нафтени деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,96%, истакнуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Можеби ќе ве интересира: