Обдукцијата отвори нови енигми, Филипче го затвори случајот

Pocinati majka i sin6

Мајката и синот од Велес биле мртви помеѓу три и пет недели, пред нивните тела да бидат откриени во нивниот стан, покажа обдукцијата на телата. Периодот на смртта се совпаѓа со периодот кога во земјава веќе беше во тек кризата со коронавирусот, па затоа податокот дека во дишното стебло на жената е најдена нуклеинска киселина на коронавирусот повеќе не предмет на интерес на здравствените власти. Вака отприлика министерот за здравство Венко Филипче завчера ја затвори приказната со велешкиот случај. Сепак, многу прашања околу овој настан остануваат сеуште отворени.

Zito akcija 640x289px

Според обдукцијата, мајката и синот починале помеѓу 2 и 16 март, што одговара на периодот – три до пет недели од откривањето на телата. Но, фактите отвораат дополнителни прашања. На 2 март во земјава имаше само еден заразен од коронавирус, а тоа е 50-годишната жена која се врати од Италија. На 16 март во земјава беа регистрирани само 16 заразени, но до тогаш, во Велес не беше регистриран ниту еден случај. Првите заразени велешани се појавија дури на 25 март, само 12 дена или неполни две недели пред да бидат пронајдени телата. Ова го отвора прашањето дали починатата жена била меѓу првите заразени со коронавирус во земјава? Дали таа била првиот велешки случај на коронавирус? Ако судиме според информациите кои ги објавија властите, датумите го велат токму тоа. Но, како е можно луѓе, кои биле социјално изолирани и кои буквално не излегувале од својот стан да се заразат, а згора на тоа, заразата во нивниот град сеуште ја немало?

Agria

Неколку дена откако беше објавено дека кај мртвата жена има коронавирус, беше објавена уште една вест, дека полицаец кој бил на увид е позитивен на Ковид-19. Ова отвори нови дилеми – дали полицаецот се заразил од мртвото тело или обратно, тој го контаминирал лешот? Според фактите – мртво тело не може да зарази жив човек, што ја исклучува првата можност. Истрагата покажа дека полицаецот на увидот бил максимално заштите со опрема, што ја исклучува и втората можност. Министерот Филипче рече дека ова е коинциденција. Батали.нет стапи во контакт со полицаецот Андреја Лазаревски. Тој вели дека случајот во најмала рака му е сомнителен.

„Се сомневам дека имам коронавирус. Немам никакви симптоми и никогаш во животот не сум се чувствувал подобро од сега. Никој од моето опкружување, вклучувајќи го и моето семејство нема коронавирус. Ме тестираа само затоа што кај лешот бил пронајден вирус. Кога ми го соопштија резултатот, ме водеа како жител на Скопје, а подоцна во извештајот ми го згрешија датрумот на земање брис. Кога прашав зошто, ми рекоа – технички грешки. Во исто време го тестираа и мојот колега со кој бев на увидот, но неговиот тест се загубил – резултати нема и две недели од тестирањето. Тој е одновно тестиран вчера, кога успеа да закаже термин преку матичен лекар. Од моментот на тестирањето никој не ми рече дека треба да одам во изолација. Семејството ми е истрауматизирано. Мојата деветгодишна ќерка ме прашува дали од болеста се умира? Навистина, не ми е јасно“, рече Лазаревски.

Андреја Лазаревски – полицаец од крим техника во СВР Велес

Лазаревски има повеќе од 20 годишно искуство во полиција и поминал многу увиди со починати лица. Според она што го видел во станот на мајката и синот, првично му се чинело дека луѓето се починати многу подолго од еден месец.

„Не велам дека извештајот на судска медицина околу времето на смртта не е точен. Но, малку ми е чудно што телата беа во многу лоша состојба, што според моето искуство, не би требало да бидат за период од три до пет недели“, вели Лазаревски.

Соседите не ги виделе мајката и синот три месеци. Дел од медиумите повикувајќи се на обдукцијата објавија дека тие починале во јануари. Оваа информација министерот Филипче тогаш не ја демантираше и отвори дилема дали можеби вирусот бил присутен во земјава многу порано. Но, дел од стручната јавност ова веднаш го отфрли како невозможно. Оттогаш и министерот за здравство беше многу повнимателен во своите изјави околу овој случај, за на крај, да се затвори како смрт во март, кога пандемијата во земјава веќе беше почната.

Дали властите избрза со квалификации, па потоа мораше да се бара начин како да се поправи целата ситуација, дали полицаецот Лазаревски е „жртвата“ на грешката на надлежните, ќе покаже дополнителната истрага, но и тестот за антитела на коронавирус, кој полицаецот Лазаревски сака да го направи.