Обезбедена е терапија за голем број пациенти со коронавирус во нашата земја

Министерот за здравство Венко Филипче на својата фејсбук страна објави дека е обезбедена терапијаза голем берј пациенти заразени со коронавирус.

Zito akcija 640x289px

“Станува збор за комбинација на терапија која досега во повеќе публикации укажува на тоа дека дава добри резултати во лекувањето на овие пациенти и согласно процедурата кај нас, протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што веќе се направи, и денеска или веќе утре треба да се заврши формално-правната постапка за добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови МАЛМЕД, по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде е тоа индицирано. Станува збор за терапија за која допрва ќе се прават клинички студии но веќе многу земји ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји кај многу пациенти со навистина добри резултати, заради што ние го правиме истото”, објасни министерот Филипче.

Agria
venko_new

Тој додаде дека секој пациент што има дијабетес и зема инсулин, може да го продолжи рецептот телефонски кај докторот што го води и инсулинот директно да го подигне во инсулинската аптека, односно да не оди на лекар специјалист.