Обезбедени 833 000 вакцини за околу 400 000 граѓани кои треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година

vlada-2
vlada-2

На денешната прес конференција владиниот портпарол Душкоп Арсовски рече дека не чекаме само на донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури. Веќе се обзбедени 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани и треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година.

Zito akcija 640x289px

Арсовски вели дека се обезбедени 833 000 вакцини за околу 400 000 граѓани и треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година. Покрај ковакс механизмот, нагласи Арсовски, во тек се преговори и за директна набавка од комапниите кои ги произведуваат вакцините, а предвиден е и трет механизам преку ЕУ со кој треба да се набават 200 милиони вакцини за земјите членки и дополнителни 100 милиони дози за европските земји надвор од Унијата.

Agria

„Република Северна Македонија не чека само на донации, туку навреме ги направи сите потребни чекори и процедури, а алоцираше и средства за вакцини. Почна директни прегови, се користат сите инструменти, вклучувајќи го и ковакс механизмот кој беше прв на располагање“, рече Арсовски.

Претходно, тој соопшти дека на вчерашната владина седница, на предлог на Министерството за здравство. е усвоена Информацијата за вакцинацијата против коронавирусот. Задолжени се неколку институции да изготват акциски планови и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

„Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и до Министерството за здравство да достават сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19“, рече портпаролот на владата Душко Арсовски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: