Објавени платите на членовите на Владата

zgrada na vlada na rsm
zgrada na vlada na rsm

Во делот „отчетност“ на официјалната веб-страница на Владата се објавени платите на актуелните членови на Владата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, порачуваат од Владата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според прикажаното, на врвот во примањата е премиерот Христијан Мицкоски со плата од 140.450 денари, односно околу 2.280 евра.

Останатите вицепремиери и министрите земаат нето-плата по 115.540 денари (1.870 евра), освен министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој зема дополнителни 20 отсто во износ од 24.865 денари заради извршувањето на таа функција, па неговата плата изнесува 140.405 денари, исто колку на премиерот.

Претходната влада им ги намали коефициентите за пресметка на плата на 157 функционери, стои во одлуката објавена во Службен весник. Станува збор за функционери што таа ги именува. Со одлуката се намалуваат коефициентите на генералниот секретар на владата, владиниот портпарол, националните координатори и нивните заменици, директорите на управите, на инспекторатите, на бироата, државните комисии, агенциите, заводите, фондовите, директорите на затвори…

Коефициентите за функционерите што ги именува Владата се намалија за 12,8 проценти.

Просечната нето плата во Македонија сега изнесува околу 34 илјади денари, а минималната изнесува 22.567 денари. Работник со минимална плата треба да работи осум месеци за да заработи колку премиерот или претседателот што ќе заработи за еден месец. На тој што зема просечна плата ќе му требаат скоро пет месеци за да заработи една плата на премиер или претседател.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: