Обнова на премините на железничките пруги во Велес

Veles Maj 2021

Гумени елементи изработени од рециклирана гума ќе бидат поставени премините на пругата, ова денес го најави градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Првиот премин  во Велес ќе биде изведен кај железничката пруга пред фабриката Ќиро Ќучук. Работите ќе се изведуваат во среда, наредната недела кога се очекува сообраќајот на таа сообраќајница да биде во прекин 48 часови и да се пренасочи на улицата Луј Пастер.

Zito akcija 640x289px

„Откако претходно ќе бидат направени патните премини во Прилеп и Битола, следен премин во Велес е во Речани, на железничката пруга која води кон Кочани. Се надевам дека ова ќе биде убав пример и дека сите шест-седум премини кои се предвидени ќе бидат изведени во наредниот период и со тоа значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот“, додаде Коцевски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Овој проект Општина Велес го реализира во партнерство со Македонски железници за што обезбеди и дел од финансиските средства.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23755/po-edna-godina-pauza-novi-filmski-proekczii-najavi-gradonachalnikot-koczevski/