
Релјефот на споменикот на 12-те деца во кавадаречко Моклиште, кој беше украден дел по дел пред десеттина години, повторно е изработен, идентичен, каков што беше во минатото, и вратен на старото место. За да не се случи повторно вандализмот и кражбата којашто ја згрози кавадаречката јавност, ќе биде под постојан видео надзор.
Еден од најуспешните градоначалници во земјата, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев рече дека благодарение на соработката меѓу локалната самоуправа, Музеј галеријата и Министерството за култура, направена е обнова на релјефот, кој е изработен од кавадаречкиот вајар Кире Мукаетов.
Станува збор за бакарен споменик во чест на дванаесетте ваташки младинци кои пред 78 години ѕверски беа убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор. Дрските крадци уште пред повеќе од десет години вандалски започнаа да го уништуваат спомен обележјето коешто со децении беше гордост на градот, и притоа успеале да однесат околу 50 килограми бакар.
Градоначалникот Јанчев на својот Фејсбук профил истотака ја сподели информацијата дека денес во Кавадарци е спроведено и второто авионско третирање против комарци за 2021 година на територијата на општината.
Со третирањето било опфатено течението на реката Луда Мара од с.Марена, целото градско подрачје, до излезот на с.Ваташа.
Можеби ќе ве интересира:
