Обвинение против двајца битолски гинеколози поради смрт на новороденче

Bebe

Oбвинителството во Битола поднесе обвинение против две лица за тешки дела против здравјето на луѓето.

Zito akcija 640x289px

„Обвинетите, како лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница ‘Д-р Трифун Пановски’ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка родилка од селото Смилево, општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето“, информираат од Обвинителството.

Agria

Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност поради недоволен доток на кислород, што, пак, претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено. Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 6:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето поради кислородното страдање во утробата.​

Извор: makfax

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/30390/raczinovoto-priznanie-dodeleno-na-aleksandar-rusjakov/