Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот. На денешната седница Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести досегашното работно време до 18 часот, да се продолѓи до 21 часот.
Неограниченото работно време ќе се врати само угостителските објекти на бензинските пумпи и во хотелите.
„Со оваа одлука завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети“, вели Заев.
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека следната недела, откако ќе се анализира епидемиолошката состојба во земјата, можно е да се дозволи угостителските објекти да работат до 23 часот.
Можеби ќе ве интересира: