Од денес стапува на сила владината одлука за ограничување на маржите на 73 основни прехранбени производи. Мерката има за цел да ги намали трошоците за храна, со ограничување на максималната маржа до 10%.
Содржината продолжува под рекламата
Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Содржината продолжува под рекламата
Владата планира да воведе и новогодишна, божиќна, рамазанска и велигденска кошничка, со ограничени маржи слично на есенската кошничка. Секоја од овие мерки ќе трае околу еден месец за да се спречи значително поскапување на основните производи за време на празниците.
Можеби ќе ве интересира: