Од денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список

DIK

Од денеска започнува јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите и ќе трае до 9 септември. Државната изборна комисија на увид ја става новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Zito akcija 640x289px

Сите граѓани своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, или во нивните канцеларии и подрачни единици.

Agria

До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Од 16 август, кога започна собирањето потписи за независни листи до вчера се собрани потписи за четири независни кандидатски листи, а рокот истекува на 30 август во 24 часот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23119/sleduva-promena-na-vremeto/