Од денеска Словенија враќа полицискиот час откако во последните неколку денови значителен е голем бројот на заразени со Ковид-19.
Словенската влада прогласи епидемија, а министерот за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден изјави дека од денес се воведува полициски час, кој ќе трае од 21 часот навечер до 6 часот наутро.
„Во последните 24 часа се регистрирани 537 нови случаи на коронавирус во Словенија, а две лица починале. Тестирани се 2.637 лица, од кои 537 или 20,4 проценти биле позитивни на вирусот“, објави денеска Националниот институт за јавно здравје.
Словенија првпат прогласи епидемија на коронавирусот на 12 март и во мај стана прва земја во Европа која ја укина. Во изминатите денови, земјата постојано бележи нови рекорди во бројот на новозаразени.
Можеби ќе ве интересира: