Од играчка плачка: Малолетничка снимала видео за Тик-Ток па од струен удар заврши во болница

Tik Tok logo
Tik Tok logo

На железничката станица во скопско Маџари од струен удар е повредена 17-годишна девојка. Инцидентот се случил вчера попладне во 13.41 часот кога над еден од вагоните дошло до струен удар.

„Од ударот со повреди се здобила 17-годишна малолетничка. Веднаш биле повикани полициски службеници, Пожарна и Брза помош, по што повредената е пренесена на Клиничкиот центар на укажување лекарска помош“, велат од МВР.

Agria

Девојчето било во свесна состојба и на истражните органи самото им потврдило дека до несреќата дошло откако се обидело да сними видео за социјалната мрежа Тик-ток, качувајќи се притоа на вагон под висок напон на железничката станица.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: