Граѓаните од месец март повторно ќе може да се плаќаат сметките во поштите. Првите луѓе на компаниите потпишаа договор со Халк банка која ја презема работата на пропаднатата Еуростандард банка.
Договорот ќе важи 15 години и со него е предвидено 71% од заработувачката да оди на сметка на поштата, 29% за банката. Според првиот човек на Македонска пошта, Јани Макрадули, овој договор ќе помогне да се стабилизира финансиското работење на компанијата, а бенефит ќе има и за граѓаните затоа што ќе имаат можност да плаќаат во 300 пункта низ земјава, а тоа ќе ги намали и турканиците пред банките.
Платниот промет на Пошта е блокиран од август претходната година откако се раскина договорот во Еуростадард банка која отиде во стечај. Отогаш пошта не може да врши никакви услуги кон граѓание поради изнаоѓање на нов партнер. Како последица од блокираниот промет, Владата одвои финансиски средсва за исплата на плати на вработените во оваа институција.
Можеби ќе ве интересира: