Од ноќеска на полноќ намалување на нафтените деривати

benziska stanica Makpetrov
benziska stanica Makpetrov

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 % во однос на одлуката од 23.6.2022 година.

Zito akcija 640x289px

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,945 %, кај дизелот за 1,174 %, кај екстра-лесното масло зголемување од 0,425 % и кај мазутот има намалување од 1,806 %.

Agria

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) се намалуваат 1,00 денар/л, малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,986 денари/кг и ќе изнесува 53,305 денари/кг.

Од 28.6.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 109,00 (денари/литар);

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 111,50 (денари/литар);

– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 109,00 (денари/литар);

– масло за горење eкстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар);

– мазут М-1 НС – 53,305 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: