
Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, со што од утре литар дизел ќе се продава по цена од 52,00 денари,a цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 отсто.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат односно стануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/литар.
Можеби ќе ве интересира: