Од ноќеска на полноќ поевтинува дизелот, поскапува еуросупер БС-95

Benziska pumpa
Benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 % во однос на одлуката од 28.10.2022 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на „ ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) “ се намалува 1,50 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,00 денар/л. Малопродажната цена на бензинот „ ЕУРОСУПЕР БС – 95 “ се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот „ ЕУРОСУПЕР БС – 98 “ не се менува.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 99 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 90,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за еден денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 96 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 останува иста, односно 92,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,584 денари за килограм и сега ќе изнесува 50,067 денари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: