Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 1.07.2022 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг.
Содржината продолжува под рекламата
Новите максимални цени на нафтените деривати од ноќеска ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 108,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 110,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: