
Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11%.
Според ова, цената на бензинот Еуросупер БС-98 се поскапува за еден денар по литар гориво, додека бензинот Еуросупер БС-95 ќе поскапи за денар и половина. Иста ќе биде ситуацијата и со Еуродизел кој поскапува за 1,50 денари.
Новите цени на горивата од вечерва на полноќ Еуросупер БС-98 ќе биде 61,50 денари за литар гориво, Еуросупер БС-95 ќе чини 60 денари, додека Еуродизел ќе се продава по 51 денар по литар гориво.
Можеби ќе ве интересира:
