Од полноќ граѓаните ќе точат поскапи горива

benzin
benzin

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на Одлуката од 27.12.2021 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,210 ден/кг.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 65,5 денари за литар исто како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: