Од полноќ ново покачување на горивата

benzini tocenje
benzini tocenje

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 % во однос на одлуката од 28.04.2022 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Agria

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.

Од 4.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин еуросупер БС – 95 86,00 (денари/литар)Моторен бензин еуросупер БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,294 (денари/килограм)

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.5.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: