Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025

Glasanje pretsedatelski izbori prv krug 2024

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември).

Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

Agria

Во Велес за градоначалничкото место ќе се борат тројца од кој две дами. Марко Колев ќе проба да освои уште еден мандат, додека Маја Хеско од СДСМ ќе се обиде да му ги расипе сметките. Во трка за прв човек на градот уште е и Маријана Деловска од Политичка партија ДЕМОКРАТИ.

За 23 советнички места во Советот на Општина Велес  ќе се борат и 10 политички партии и коалиции.  Политичка партија движење ЗНАМ, Демократска партија на турците на Македонија, Единствена Македонија, Македонска акција – МААК, Левица, Коалиција ,,ТВОЈА МАКЕДОНИЈА” – предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција ВЛЕН, СДСМ, БОШЊАЧКИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ДУИ,

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: