Од полноќ поевтинуваат сите горива

Benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека од вечерва, на полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати. Намалувањето важи за сите видови горива, а најзначајно поевтинување има кај екстралесното масло за домаќинство.

Според новиот ценовник, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари по литар и од утре ќе се продава за 74,5 денари. Истото намалување од 0,5 денари важи и за ЕУРОСУПЕР БС-98, чија цена ќе изнесува 77 денари по литар. Дизел горивото – ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – поевтинува за 1 денар и од утре ќе чини 68,5 денари по литар. Најголемото намалување е кај екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое поевтинува за 1,5 денари, со што новата цена ќе изнесува 68 денари по литар.

Agria

И цената на мазутот М-1 НС бележи благо намалување од 0,2 денари, па од утре ќе се продава по 39,9 денари за килограм.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: