Од полноќ поскапуваат горивата

benzini tocenje

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,08% во однос на претходната одлука од 16 мај 2025 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 4,00 ден/лит.

Agria

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 69,00 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 не се менува и останува 77,50 за литар. За 0,279 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе ќини 36,808 денари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: