Владата го прифатила предлогот од Комисијата за заразни болести и одлучила границите со Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да се отворат без потреба да се приложува негативен ПЦР тест за ковид-19.
„Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест.
Оваа одлука стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.
Досега македонските граѓани без ПЦР тест можеа да патуваат само во Албанија и Турција.
Можеби ќе ве интересира: