Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска информира дека во наредниот период координирано со министерот за финансии, ќе поднесат предлог-измена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то за физичките лица.
Со тоа како што вели од следната година, односно од 1-ви јануари 2023-та ќе се зголеми лимитот на сумата за поврат на ДДВ од сегашните 1800 денари на 2100 денари за едно тромесечје.
Содржината продолжува под рекламата
Мерката „Мој ДДВ“ слави трет роденден. Со повратокот на дел од данокот на додадена вредност кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од наредната година од 1-ви јануари 2023 година, да се зголеми лимитот на повратот на ДДВ. Граѓаните наместо 1800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите, објасни Лукаревска.
Mожеби ќе ве интересира: