
Од следната недела угостителските објекти наместо до 18:00 како досега ќе работат до 21 часот. Венко Филипче изјави дека Комисијата за заразни болести ќе го разгледа барањето на угостителите од 21 јануари да имаат работно време до 23 часот, но тоа ќе зависи од проценката на ситуацијата со вирусот деновиве, рече Филипче.
„Од 21 месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, а сите останати мерки остануваат во сила. Согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот“ рече министерот за здравство Венко Филипче.
Работното време на угостителите од 18 декември е ограничено до 18 часот, како дел од превентивните мерки на Владата за спречување на натамошното ширење на Ковид-19 во тек на празниците.
Иако бројот на новозаразени се намалува, не се исклучуваат нови мини пикови, рече Филипче.
Можеби ќе ве интересира: