Од утре и за излез од државава потврда за негативен тест или за вакцинација

Kovid
Kovid

Домашните и странските државјани од утре и за излез од земјава ќе мора да приложат сертификат за извршена вакцинација односно примени две дози на вакцина, потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или негативен брз тест за антигени тела не постар од 48 часа, одлучи вечерва Владата.

Zito akcija 640x289px

Владата ја дополни и одлуката за задолжителен домашен карантин во траење од 7 дена доколку при влез во државата немаат негативен ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, при што времетраењето на карантинот може да се скрати на 5 дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР тест.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Ова ќе важи и за домашни и за странски државјани, а трошоците за изолација на странските државјани ќе биде на нивни трошок. Исклучок од оваа мерка се домашните возачи на товарни возила, како и странските возачи на товарни возила кои транзитираат низ земјата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: