Од утре треба да се изврши корекција на цените на прехрамбените производи кои според очекувањата на властите треба да поевтинат и за 10 отсто откако дел од малите компании потпишаа договори за користење субвенционирана електрична енергија.
Според пресметките на пекарите на рафтовите во продавниците ќе може да се најде леб и за 32 денара. Мелничарите пак со став дека поширок бенефит би се постигнал доколку би се активирале и стоковите резерви.
Поевтинување од над 10 отсто може да се очекува и кај месната индустрија доколку Владата го исполни нивното барање и донесе одлука за укинување на давачките за увозните суровини.
Намалени цени во декември нема да има кај млечните производи. Според прерабодувачите надолна корекција може да се очекува од почетокот на следната година.
Прехранбената индустрија од утре, преку „ЕСМ продажба“, треба да добива струја по субвенционирана, фиксна цена од 80 евра за мегават час. Иако компаниите пројавија мал интерес за субвенционирана струја сепак од владата посочија дека корекцијата на цените ќе важи за сите, а дали тоа ќе се применува ќе проверуваат преку зачестени инспекциски контроли.
Доколку не се почитува ваквата одлука ќе бидат изрекувани ригорозни казни, а ќе се отвори и патот за спроведување на мерката за замрзнување на цените.
Можеби ќе ве интересира: