Од вечерва на полноќ стартува скратениот полициски час

Veles policiski cas

Ноќеска од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Работното време на угостителските објекти се продолжува до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси.

Zito akcija 640x289px

Инаку од вчера започнаа со работа и вежбалниците, фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но во овие објекти е задолжително почитување на протоколите за работа.

Agria

Владата во вторникот донесе одлука да се дозволи и организирање на инвент настани, со пропишаните протоколи, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор.

Како дел од олабавувањето на мерките е и укинувањето на забраната за користење на годишни одмори за здравствените работници и зголемувањето на бројот на деца во градинките.

Спортските настани и понатаму ќе се организираат без публика.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20722/vo-veleshkiot-kovid-czentar-sostojbata-e-stabilna-3/