Во прекрасна атмосфера во велешката сала ,,Гемиџии”, струмичани го добија вториот натпревар од финалето совладувајќи го ГОК Борец со 3:1 во сетови, и поведе со 2:0 во завршната серија во првенството.
Содржината продолжува под рекламата
Струмичани отворија со убедливи 25:19 во првиот сет, по што следуваше одлично издание на ГОК Борец во вториот, по кој со 25:21 израмни на 1:1. Високиот ритам коi го наметнаа во третиот сет на гостите одново им донесе предност, добивајќи го со 25:20.
Содржината продолжува под рекламата
Во завршниот четвртти сет, имаше вистинска драма до последниот поен кој им припадна на гостите за 27:25 за конечни 3:1. Следниот меч се игра веќе во среда во Струмица, и може да биде и клучен за шампионската титула.
Можеби ќе ве интересира: