Ракометните пионери на Фруитленд Борец во второто полувреме го скрши отпорот на домашниот тим Еурофарм Пелистер, и го совладаа со резултат 13 :24, полувреме 8:8.
Во првиот дел се игарше постојано гол за го. Иако велешките млади ракометарири постојано имаа гол предност, не успеваа резултатски да се одлепат. Сепак на самиот старт од вториот дел, поведоа со 13:10, а потоа задачата беше полесна. До крајот на натпреварот предноста се зголемуваше за конечни 24:13 и четврта победа во првенството.
Повторно најефикасен беше Ѓорѓија Амбарков со 10 постигнати погодоци, а браќата Симеон и Даријан Бобевски комбинираа заедно шест погодоци. Кај домашниот тим , Стефан Смилевски постигна пет погодоци.